интервју

Луи Ц.К.

"Не мора да значи дека се согласувам со вас, ама сериозно го почитувам," одговори Луи Ц.К. на аплаудирањето на публиката на почетокот на неговиот нов стенд-ап "Oh My God." Ова е типично негово однесување за понижување на самиот себе - одбивање да верува дека ја заслужува благодарноста на стотиците фанови кои го опкружуваат во театарот Селебрити во Феникс и илјадниците кои следната сабота ќе ја гледаат премиерата на неговиот стенд-ап на ХБО.

Ги мина последните неколку месеци на турнеја, за која влезниците ги продаваше само преку твојот веб сајт. Како мина тоа?

Немаш поим колку добро функционираше. Беше одлично да се направи тоа. За стенд-ап шоуто, немав потреба ништо да правам. Само го направив и го понудив. Меѓутоа влезниците беа навистина компликувани. Големите компании за продажба на влезници имаат ексклузивни договори. Тие им плаќаат на локалите да не работат со други. Па ако компанија ти дава 30.000 годишно да не соработуваш со други, тебе ти требаат тие пари. Ние не ја нападнавме нивната територија. Само отидовме на места за кои тие не се грижеа.

Дали е важно што она што ти го постигна, со претходниот стенд-ап и со твојата турнеја, не може да биде повторено од други комичари кои го немаат твоето присуство или твоите фанови?

Зошто мислиш дека тие луѓе ги немаат истите ресурси што јас ги имам, истото присуство или истата врска (со фановите)? Што е различно меѓу мени и нив?

Ти имаш платформа. Ти имаш ниво на препознавање.

Па зошто јас имам платформа и препознавање?

Сега, затоа што имаш вложено време.

Ете ти. Нема заобиколување на тоа. Има луѓе што велат: "Не е фер. Ти имаш се што ти треба." Јас не бев роден со тоа. Беше ужасен процес да стигнам до тука. Ми требаше цел мој живот. Ако си нов во оваа работа - а под "нов" мислам 15 години или дури 20 години во оваа работа, ти само што почнуваш да земаш залет. Млади музичари веруваат дека само треба да состават бенд и ќе бидат славни, и се што ќе им застане на пат е нефер и зло. Колкав си ти, во 20-ти години, и само што си фатил гитара? Дај му малку време.

Дали ти причинува задоволство што со твојот стенд-ап се врати на ХБО? Нели му пречи на FX (тв каналот) да те дели со други?

Една од причините зошто претходниот стенд-ап го направив сам е затоа што никој не го сакаше. Ама овој пат ХБО дојде кај мене. А јас бев во во одлична ситуација бидејќи никој не ми требаше. Па се што им побарав, тие ми дадоа. ХБО се Јенкис за специјалните изданија на стенд-ап, и ова ќе биде добро и за FX. Она што ХБО го прави за да го промовира овој стенд-ап е нешто невидено. Ќе имаат џиновски билборд над Сансет булеварот. Ќе бидам на Тајмс Сквер, ќе бидам на автобуси. Ова прави малку да ми биде мака.

И ХБО ќе ти дозволи он-лајн да го објавиш "Оh My God" кон крајот на годината?

Уште една причина што бев волен да го направам ова, беше бидејќи им реков дека морам да можам да го продавам шоуто на мојот сајт. Во прво време ХБО почнаа со "Ние не можеме да го направиме тоа." Им реков "Добро, тогаш ај ич да не го правиме." Моќта што јас ја имав е што цело време можев да повторувам: "Ќе го направам сам. Не ми требате вие." Им требаше малку време за ова.

Кога реши да направиш пауза од Луи дали размислуваше комплетно да го прекинеш шоуто?

Шоуто не е ни приближно до крај. Само знаев дека ќе имам корист од паузата додека ја подготвувам 4-та сезона. Претходната сезона ја завршив со монтажа во септември, и знам дека пуштив и некои лоши делови. 3 години по ред го правев ова, знаев дека не можам да продолжам така.

Минатата сезона на Луи имаше неколку приказни кои траеа по неколку епизоди. Што те инспирираше да го направиш тоа?

Минатата сезона за прв пат седнав и ја напишав целата работа. Кога го пишував делот за Паркер Посеј, беше навистина долг и опширен, и си помислив "Ова треба да биде една епизода." Па напишав една картичка на која стоеше "Ова може да биде се што сакаш," и ја оставив на биро до крајот на сезоната. Кога дојдов до тоа, ми дојде на памет: "Раскажувањето на подолги приказни, може да биде интересно."

А приказната кога имаш аудиција за водител на "Late Show"?

Кога имаш 13 епизоди за пишување, тоа е застрашувачки. Ама имаш време да уживаш во последните 3. Можев овие 3 да ги ставам во кој било дел од сезоната, и комплетно да го променат чувството на целата сезона. И Вернон (продуцентот на Луи) рече: "Или можеш да ја раскажеш приказната во три дела." И тоа е најчудното нешто што некогаш ми се случило. Кога тој го рече тоа, веднаш ги знаев целите три дела. Ќе имам шанса да го заменам Дејвид Летерман.

Дали одма доби и визија за ликот на Џек Дал, што те подготвува за твојата аудиција?

За мене тоа беше Бен Газара. И Вернон го побара Бен Газара на Гугл додека зборевме. Човекот умрел еден час пред да го гугламе. Мислам дека е можно во истата минута кога реков "Мислам дека ова е Бен Газара," тој да умрел. Му ја понудив улогата на Џери Луис. Добив телефонски повик од неговата лична секретарка, која ми рече: "Џери не е заинтересиран во моментов." Па го побаравме Вуди Ален, кој рече: "Не би можел да учествувам во моментов." Добив и еден навистина добар меил од Ал Пачино. Мартин Скорсезе рече: "Луи е одличен, уживам во серијата. Ама не можам сега да бидам дел од неа." Она што го сфатив е дека сега сум на ниво кога учтиво ме одбиваат. Порано само ми молчеа.

Како стигнавте до Дејвид Линч?

Го гуглав Копола, и видов дека тој во ништо нема глумено. И на страната на која бев, го имаше и Дејвид Линч. Си помислив: "Ова ќе биде навистина чудно. Ова нема никаква смисла." Почнав да мислам на него, го прочитав сценариото и ми текна: "Ова е далеку подобро отколку било кој од претходните. Ова е единствениот човек што може да го направи тоа. Ако не го добијам Дејвид Линч, не го ни правам."

Како беше да го режираш?

Одлично го знаеше ликот. Кога ја правевме сцената со играњето во канцеларијата, целото искуство беше доста понижувачко. Ме заболе стомак од тоа. Во еден момент, му реков: "Ова дури не е ни смешно," a Дејвид ми рече: "Не, не е. Не ни треба да биде." Се дружевме, пушевме цигари, иако цела година немав пушено. Го обожавам човекот.

Како ти пристапи Вуди Ален? (за филмот на кој што соработуваат)

Дојде од никаде. Добив меил: "Вуди Ален сака да дојдеш за нешто." Цел живот го чекам овој меил. Нема да се преправам дека сум над тоа. Отидов во неговата канцеларија и ја читав улогата што на крај ја доби Ендру Дајс Клеј. Вуди рече: "Знам дека знаеш да глумиш. Само не знам дали си ти ваков тип на човек. Ова е навистина зол човек."

Го читам и навистина си мислам, не ја добивам оваа улога. Можам да бидам работничка класа. Не можам да ја удрам жена ми. Па ќе го кажам сценариото како што треба и нема да ја добијам улогата, ама барем нема да се посрамам. И токму тоа се случи. Ама бев многу емоционален бидејќи само што го запознав Вуди и тој беше навистина добар со мене.

Две недели подоцна ми рекоа: "Неговиот асистент ќе ти донесе нешто дома." Тоа беа страници од сценариото и писмо од Вуди. Во него пишуваше: "Ти си многу добар човек за претходната, ама би можел оваа улога да ја глумиш. Ако не сакаш ова да го правиме, ќе правиме нешто друго, некој друг пат." Го читам писмото и на глас се насмеав. Па му пишав писмо, во кое недвосмислено му велам ДА, и му го испратив.

Како го опишуваш карактерот што го играш?

Тој е лажго. Тој е епизода во животот на една од главните актерки, Сали Хокинс. Јас сум една од оние ужасни приказни што жените ги носат наоколу во себе. Меѓутоа тој исто така е романтичен во одредени делови и е сладок.

Дали разговаравте за работата со Вуди?

Вуди е многу економичен со неговото време на сцената. Ти кажува само она што треба да го знаеш и потоа го следи снимањето. Имав неколку денови со него, кога ми кажа некои работи, ми рече да се обидам да направам неколку работи, и тоа беше нервозно и страшно, ама и интересно да се направи. Еден ден имав шанса и да имам ручек со него. Цело време ме смееше и тоа многу.

Стигна до точка кога што било што ќе кажеш или направиш станува вест? Дали ова почнува да те стега? Дали почнуваш да се препрашуваш себе си?

Не ме спречува. Секој пат кога ќе кажам нешто, тоа оди насекаде. И што да правам за тоа? Дали повеќе ништо да не кажувам? Или да почнам да мислам - Кој е најдобар начин да кажеш нешто? Мислам дека Твитер е опасен за мене. И си викам: "Немој веќе да твиташ. Немој да даваш ад хок коментари на новинарите." Не коментирам работи кои немаат никаква врска со мене. Мислам дека е подобро да зборуваш преку својата работа. Па затоа само правам шеги.

Има периодичен феномен во комедијата, во кој луѓето се навредуваат од нешто што кажал некој комичар, тоа потоа се развива на интернетот, и на крај човекот мора да се извинува. Дали комичарите мора ова да го прифатат од сега?

Не мислам дека треба да кажеш било што заради кое некогаш ќе треба да се извиниш. Ако работите станат премногу жешки, остави ги нека се лутат. Како некој може да те натера да се извиниш? Дали тие буквално те удриле? Остави ги нека бидат вознемирени. Не е тоа најлошата работа во светот. Тоа не значи дека ти ќе бидеш просјак. Очајно е да имаш потреба секој да биде навистина среќен со она што го кажуваш. Според мене начинот на кој треба да се справиш, не е да имаш 50 верзии од себе. Во моментот кога ќе ги стиснеш дланките и ќе ја отвориш страната со коментари, ти си ја откажал претплата да бидеш добар човек.

Дали мислиш дека Луи ќе има трајно влијание на тоа како телевизиските комедии изгледаат?

Се надевам дека ќе создаде свет во кој можам да продолжам да го правам ова, тоа би било убаво. Меѓутоа моето шоу го должи својот успех на други работи. Лери Дејвид, Џери Сајнфелд, Гери Шендлинг, Џон Вотерс, Вуди Ален - моето шоу има многу од ДНК-та на овие луѓе. Зборував со Вуди за слободата што ја имам на моето шоу и дека не можев да постигнам такво ниво на слобода во филмовите. Тој рече дека имал огромни проблеми со студијата околу филмот "Take the Money and Run," ама на крај направил пари. Заради ова можел да го следи својот успех, а исто и други луѓе.

Причината зошто можам да го правам она што го правам, не е затоа што Вуди Ален е кул. Туку затоа што Вуди Ален е толку успешен. Некој рече, можеш да бидеш малку чуден и тоа ќе ти успее.

Њујорк Тајмс

8 април 2013 - 13:46