Катар 2022, најскапото нешто што некогаш се одржало

Ако се земат превид сите пари што се дадени за организација на Мундијалот во Катар од изградба и реновирање на стадиони, до неопходна нова инфраструктура, првенството во Катар е најскапиот настан што некогаш е организиран.

Пресметките на Мартин Армстронг од Статиста е дека вкупниот цех на Катар за Мундијалот до април 2022 е 220 милијарди долари. За споредба, Германија во 2006, организираше Светско првенство во фудбал за 4,3 милијарди долари.

Како што објаснува Армстронг, од овие 220 милијарди за нови стадиони одат најмногу 10 милијарди долари. Остатокот се троши на инфраструктура која опфаќа нов иновациски центар со хотели, софистицирана метро мрежа и аеродроми.

Катар беше критикуван за историската градежна офанзива главно заради бројот на жртви и прекршоците на човекови права кои се случија додека таа траеше.

Амнести интернешнл проценува дека од 2010 до 2019 над 15.000 странски работници загинале на градилиштата во Катар. Според катарски бројки, бројот на луѓе што загинале на изградба на проекти за Светското првенство од 2015 до денес е 35.

28 септември 2022 - 13:22