Таг: катар сп 2022

Да не ви се гледа епското мундијалско финале на Твитер?

Поминаа седум месеци, а ко вчера да беше. Катар 2022, најкритикувано Светско, а можеби најдобро или едно од најдобрите со најјако и најстресно сценарио во финале по кое се оди на кардиологија. 2:0 за Аргентина во прво со головите на Меси и Ди Марија, па 2:2 во рок од 2 минути, дело на Мбапе. За да продолжи драмата во продолженијата, се погрижија Меси и Мбапе во 108 и 118 минута. На крај 4:2 на пенали. Многу лудо финале и незаборавно.

Новинари ова е Катар, Катар ова се новинари, запознајте се

Екипа на данската ТВ2 е во Катар по повод Мундијалот и снима на улица. Па и не снима нешто посебно туку во живо се вклучува во вестите на својата телевизија за да даде репортажа на неколку дена пред почетокот на Светското. Од никаде никнуваат тројца катарски службеници кои некако мислат дека ќе организираш Светско во фудбал без камери на улица и странски новинари.

Катар 2022, најскапото нешто што некогаш се одржало

Ако се земат превид сите пари што се дадени за организација на Мундијалот во Катар од изградба и реновирање на стадиони, до неопходна нова инфраструктура, првенството во Катар е најскапиот настан што некогаш е организиран.

На СП 2022 најспорните офсајди ќе ги гледаме со 3Д анимација

ВАР технологијата која помогна многу, ама не успеа целосно со 100% успешност да им ги скрати маките на судиите околу тој пусти офсајд, добива ново засилување.

Дарко и Дарко, за Македонија од Америка до Порто

Формулата е едноставна: 4 дена - 4 лета, двајца луди Македонци од Чикаго и Мајами, до Португалија со срце за Македонија.

Невозможно поради каков пенал Јужна Африка остана без бараж за Светско

Африканските квалификации за Мундијал 2022 достигнаа кулминација. Во последното коло од групната фаза Гана и Јужна Африка играа за прво место во групата и мечот го реши Андре Ајо од пенал кој Гана го доби сосема неправедно.

Почнуваат квалификациите за Светско првенство 2022

Поради преместување на Европското првенство 2020 за летово, репрезентациите одамна не играле сериозни натпревари. Македонската фудбалска селекција својот последен меч го одигра на 18 ноември лани против Ерменија на гости во Лига на нации.

Шпанија не го признава Косово и не сака да игра со нив во група

Кога се вели дека во спортот не треба да се меша политика, се заборава дека политиката има големо влијание на спортот, посебно на фудбалот. Особено меѓународната политика.

Македонија со Германија, Исланд, Романија ќе се бори за Светско

Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Цирих ја доби квалификациската група за Светско првенство 2022. Во Скопје ќе ни дојдат интересни противници, а со некои од нив никогаш не сме играле.

Катарско крвопролевање за изградба на стадионите

Според Работничката интернационала, 1.300 луѓе досега загинале на градилиштата во Катар, каде на големо се градат стадиони за Мундијалот планиран за 2022 година. ФИФА нема абер да реагира.

Фиго нема нерви да се трка за претседател на ФИФА

Прославениот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид реши да ја повлече својата кандидатура за претседател на Светската фудбалска федерација.