Да не ви се гледа епското мундијалско финале на Твитер?

Поминаа седум месеци, а ко вчера да беше. Катар 2022, најкритикувано Светско, а можеби најдобро или едно од најдобрите со најјако и најстресно сценарио во финале по кое се оди на кардиологија. 2:0 за Аргентина во прво со головите на Меси и Ди Марија, па 2:2 во рок од 2 минути, дело на Мбапе. За да продолжи драмата во продолженијата, се погрижија Меси и Мбапе во 108 и 118 минута. На крај 4:2 на пенали. Многу лудо финале и незаборавно.

Некој се сетил дека треба да го има на Твитер,  ама ги ставил само регуларните 90 минути.

За да биде цело, доволно е да посветите уште 2 минути или па да одите директно на нив ако не ви се гледа цел натпревар.

19 јули 2023 - 14:53