Трите претсмртни желби на Александар Македонски

Кога почувствувал дека му се ближи крајот, античкиот војсководец ги собрал своите генерали и им кажал: "Наскоро ќе го напуштам овој свет, но имам три желби кои морате да ми ги исполните."

"Првата желба ми е само оние кои ме лечеа и ми го чуваа здравјето да го носат ковчегот. Втората, сето злато и сребро и друго богатство кое сум го освоил да биде расфрлано по патот кон мојот гроб. И третата моја желба е рацете да ми бидат надвор од ковчегот".

Генералите низ солзи потврдиле дека ќе го исполнат заветот а еден од нив се осмелил да праша што е целта и намерата на ваквите желби.

"Сакам луѓето да ги сфатат трите лекции кои ги научив во овој живот. Со првата желба, ковчегот да ми го носат оние кои ме лекувале, сакам луѓето да разберат дека никој не може да ја спречи смртта. Дури и оние кои најмногу се разбираат се немоќни кога некому ќе му дојде крајот. Со втората желба сакам да им покажам на луѓето дека е попусто трчањето по богатство. КОга ќе ми ја исполните и третата желба, тие ќе видат дека дури и јас заминувам од овој свет онаков каков што сум дошол - со празни раце."

12 ноември 2013 - 09:53