Како да предвидиш избори

Без разлика на формата на предизборната кампања, ставките во неа генерално се исти: говори, дебати, гафови, анкети и последователни анализи и критики на истите. Сето ова треба да ги донесе потребните гласови, освен кога не е така.

Една од влијателните школи на политичките науки тврди дека изборите не се одредуваат од тоа што прави или зборува кандидатот, туку од "фундаментите."

"Политикологот од Емори Универзитетот, Алан Абрамовиц, кој од 1988-ма точно предвидува кој кандидат ќе го освои гласот на народот, објаснува дека победникот го одредуваат неколку тектонски фактори: Дали пред изборите економијата е во раст? Колкав е рејтингот на актуелниот претседател? Дали нерешените гласачи се толку несреќни и песимисти што едвај чекаат да ја сменат владејачката партија, или доволно им се допаѓа правецот во кој оди земјата за да се остане на тој курс?

Бројот на гласачи што е во игра е многу мал. Како што Џонатан Чеит неделава објасни во Њујорк магазин, 'секоја партија изгледа дека може да смета на поддршката на 45% од гласачите без разлика што се случува во светот.'

Ова значи дека двете партии и нивната армија на стратези и донатори ќе потроши околу 5 милијарди долари за да ги привлече гласовите на 10% од популацијата - всушност, само 10% од гласачите во неколку неопределени држави. Клучните гласови, според политиколозите, во најголем дел ќе ги дадат 'неинформираните гласачи,' кои не следат премногу политика и се водат од општа интуиција," објаснува Вилијам Фалк во Вик.

17 април 2015 - 16:09