Таг: американски избори

Како да предвидиш избори

Без разлика на формата на предизборната кампања, ставките во неа генерално се исти: говори, дебати, гафови, анкети и последователни анализи и критики на истите. Сето ова треба да ги донесе потребните гласови, освен кога не е така.

Кампањата која го "убива" Ромни

Вуд Каунти од Охајо е секогаш специјално интересна за американските кампањи поради фактот дека нејзините гласачи (125.000), од 1960-та година, освен еднаш, ги погодиле сите победници на американските избори! Под работна шифра "Бранко ви ги затвори фабриките", американските демократи таму упорно го форсираат следниов спот.