И на Путин му се одмили мобилизацијата

Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.

Критиката на Путин е од состанокот што го имаше со Советот за безбедност на Русија, кога на колегите им порача дека било погрешно да се регрутираат родители на три или повеќе деца, мажи со хронични болести или постари мажи.

Тој ги повика надлежните да ги коригираат своите грешки и да ги повлечат резервистите кои погрешно се регрутирани.

„Ако се направи грешка, повторувам, таа мора да се поправи. Тие што беа повикани без правилна основа треба да бидат вратени дома.

Сите грешки мора да се коригираат и да се спречи тие во иднина да се случуваат,“ порачал Путин.

Реакцијата на Путин следува по серија протести низ Русија против мобилизацијата и извештаи што новински, што на социјални мрежи, за пропустите и грешките во процедурата.

30 септември 2022 - 11:59