Германија годинава воено ќе се засилува за 100 милијарди евра

Инспирирана од последните случувања во нивното соседство, Германија објави план за поставување на „специјален фонд“ со кој ќе се приоритизира трошењето за подобро опремување на германската војска.

Сумата е 100 милијарди долари кои само годинава ќе бидат инвестирани во Бундесверот, плус на ова го повторија ветувањето дека ќе го исполнат лимитот од 2% од БДП-то вложени во НАТО.

Засилувањето на воениот буџет беше објавено на специјална седница на германскиот парламент посветена на руската инвазија на Украина.

На истата седница беше укината претходната одлука и по ново беше одлучено Германија да и испрати оружје на украинската армија.

Станува збор за сериозно покачување на воената потрошувачка на Германија, која за 2021 имаше воен буџет од 53 милијарди евра.

 

27 февруари 2022 - 19:12