Другари, ЕУ е 28 држави, не две

Ришард Легутко, европарламентарец од полската партија за Право и праведност, на една неодамнешна седница здружно посетена од Меркел и Оланд им го посвети својот говор на лидерите на двете најголеми држави во Унијата.

Неколку извадоци од говорот:

- Многумина рекоа дека вашето денешно заедничко појавување е историско, бидејќи покажува дека франко-германската локомотива се уште тера напред и дека имаме светла иднина пред нас. Меѓутоа, не ли мислите дека ова е барем дел од проблемот? Дека една или две држави одлучуваат за останатите, а ние заедно сме 28, а 28 е далеку многу повеќе од две.

- Канцеларке Меркел, скорешните настани го наметнаа товарот на лидерството на вашите плеќи... Вашите критичари велат, а може и да се во право, дека вие некогаш заборавате на разликата меѓу лидерство и доминација.

- Луѓето се загрижени дека нивното гледиште не е важно. Некои се игнорирани, други се под притисок, трети се претставени како негативци.

- Канцеларке Меркел, вие својата младост ја минавте во комунистичка држава, исто како и јас. Се сеќавам на една изрека од старите лоши времиња, дека комунизмот е систем кој храбро ги решава проблемите кои сам ги има создадено... мислам дека истото може да биде кажано и за Европската Унија. Го креиравме Еврото, и уште од првиот ден се бориме со проблемите што тоа ги генерира. И решавањето на овие проблеми доведе до уште повеќе доминантност и уште поголемо игнорирање на основните правила за кооперација.

- (До Меркел, во врска со миграцијата и бегалците) Зошто ги поканивте мигрантите и потоа ја откажавте поканата? Зошто си играте мачка и глушец со процедурите за Шенген... Ваша беше одлуката да се суспендира Шенгенот и да се отворат границите на Германија, а потоа пак беше ваша одлуката да се затворат границите. Колку што јас знам, за ова вие не консултиравте ниту една Влада или европска институција... ако ова е не е доказ за доминација, тогаш што е?

Целиот говор:

3 декември 2015 - 14:27