Д.О.О. Ал Каеда

Бин Ладен ја водел Ал-Каеда како регуларно досадна корпорација, терајќи ги борците да му носат сметко-потврди за парите што ги потрошиле за превоз и да закажуваат кога ќе одат на одмор.

Документите откриени во неговата вила Аботабад покажуваат дека борците морале да му дадат сметка на Бин Ладен за парите што ги потрошиле на се од рент-а-кар и дискети за компјутер до експлозиви.

Сите членови на организацијата имале плата, со таа разлика што женетите земале 108 долари месечно (или над ова ако имале повеќе сопруги,) и по 1 недела одмор на секои три недели работа. Ергените добивале помала плата и само 5 дена одмор месечно.

Околу бирократијата во организацијата, во 2006-та Вест Поинт објави студија според која членовите на Ал-Каеда одморот морале да го побараат 10 недели однапред и дека тие имале по 15 денови боледување годишно.

За здравствената заштита на Ал Каеда во 2010-та сведочеше поранешниот пилот на Бин Ладен кој изјави дека ја напуштил организацијата откако групата одбила да му даде пари за да ги плати медицинските трошоци за пораѓање на сопругата.

Што се однесува до дискриминацијата на работното место, Белата куќа тврди дека Ал Каеда е крајно расистичка организација која ги користи африканските келии како извор на "топовско месо" и кандидати за бомбаши самоубијци.

12 септември 2012 - 10:36