Дали "Z" ќе се израмни со нацистички симбол?

Членови на литванскиот парламент предложија изедначување на буквата „Z“ и црно-портокаловата лента на Свети Ѓорѓија, со нацистичките и комунистички симболи.

Амандманите се поднесени за дополнување на литванскиот Закон за административни прекршоци и Закон за собирање. По ново, за дистрибуција, носење и прикажувањето на лентата на Свети Ѓорѓија и симболот Z, треба да следува 500 евра казна.

Пратениците што ги поднесуваат амандманите тврдат дека двата симбола се користат за пропаганда и заплачување од страна на про-руски активисти.

Моментално литванските закони забрануваат дистрибуција, носење и прикажување на знамето и грбот на нацистичка Германија, СССР и советска Литванија, вклучително и симболи на нацистички и комунистички организации (свастика, симболот на СС, срп и чекан).

Буквата „Z“ од формациско обележје на руските војска во инвазијата на Украина се претвори во амблем за поддршка на руската страна од војната. Додека портокалово-црната лента, позната како „Лентата на Св. Ѓорѓија“ (Георгиевска лента) „воскреснува“ во 2005 како иницијатива на РИА Новости за одбележување на Денот на Победата на СССР против Германија (9 мај 1945). Корените на ова обележје се од крајот на 18-от век и Орденот на Свети Ѓорѓија со жолто/портокалова и црна боја, кој во тоа време се дава како една од највисоките руски воени почести.

24 март 2022 - 10:26