Дали Бургас беше годишнина од Буенос Аирес?

На 18-ти јули 1994-та, 85 лица беа убиени а стотици беа ранети во напад на Еврејското здружение во Буенос Аирес. 18 години подоцна на истиот ден, во Бургас терорист се разнесе себе си во автобус полн со Евреи.

Фотографија од бомбашот самоубиец, пред качувањето во автобусот

Веднаш по експлозијата, израелскиот премиер изјави дека нема сомнеж дека двата настани се поврзани, обвинувајќи го Иран за експлозијата во Бугарија. И пред 18 години токму Иран беше првиот осомничен како организатор.

"Точно 18 години по нападот на Еврејскиот центар во Аргентина, иранскиот терор продолжува да повредува невини луѓе," порача Нетанјаху.

До денес, ниту едно лице не е осудено за нападот од 1994-та. Во 2006-та, аргентинскиот суд утврди дека Техеран го организирал нападот, бидејќи Буенос Аирес одлучил да престане да му испорачува нуклеарен материјал и технологија на Иран.

На ова се надоврзуваат и изјавите на американски функционери според кои бомбашот бил член на Хезболах, исламистичката организација која има сериозна поддршка од Иран.

20 јули 2012 - 14:15