Бразил троши 18% од светскиот кокаин

Моментално во Бразил има околу половина милион повеќе корисници на кокаин отколку што вкупно има луѓе во Македонија.

2,8 милиони Бразилци или 1,4% од популацијата на земјата, консумираат 18% од светското производство на кокаин или 92.000 килограми годишно.

Просечниот бразилски корисник, годишно употребувал околу 35 грама кокаин.

Зголемената потрошувачка е директно поврзана со економскиот бум во земјата, во кој голем дел од населението успеа да се издигне до средната калса.

Дополнително влијаение има и тоа што најголемиот дел од светското произвдоство на кокаин, доаѓа токму од соседите на Бразил: Колумбија, Перу и Боливија.

Единствено САД трошат повеќе кокаин од Бразил, заземајќи 36,8% од глобалната потрошувачка. Просекот по корисник во САД е 42 грама годишно.

27 септември 2012 - 09:51