Фото

Еволуција на Мидџурни од в1 до в6

Командата за сите 6 слики е иста „extreme dangerous life threatening viral insane selfie ever of man in his 20s with dangerous lion“. Верзија 1 излезе во февруари 2022, 6-ката е од декември 2023.

Лекција бр. 1 за лопови: никогаш не упаѓај три пати во кик-бокс федерација

Едно е да си глуп и да влезеш во кик-бокс федерација на Македонија да крадеш пехари и да ти се посреќи да не те фатат. Сосема друго ниво на безмозочност е ова да го повториш уште два пати.

Фотографијата што го одбележа почетокот на војната во Украина

На денешен ден пред една година безбедносните камери го фатија украинскиот граничар на границата меѓу Крим и Украина (кај Каланчак) во моментот кога руската армија го напаѓа преминот, што го одбележува почетокот на руската инвазија на Украина.

Екипата

Прикладно, фотографијата е направена на забавата за 18-от роденден на принцот Ендру.