Блер постави вистинско прашање, само што доби погрешен одговор

Тони Блер и неговиот Институт за глобални промени решија со онлајн анкета да покажат колку многу луѓе го поддржуваат нивниот став за останување на Велика Британија во ЕУ. Што сум прашуел глупости.

Како еден од лидерите на анти-Брегзит движењето, Тони Блер верува дека поради силата на аргументите, британската премиерка Тереза Меј ќе биде принудена да организира уште еден референдум на таа тема. Со таква желба на ум, неговиот Институт на Фејсбук замоли луѓе да гласаат а) дали се излегување (од ЕУ) по секоја цена или б) треба одново да се размисли на темата.

И покрај ваквото некоректно заведувачко прашање („по секоја цена“ има само во првата опција), Блер доживеа тежок пораз од 66% тврди Брегзиташи. И тоа од завиден вкупен број од 174.000 гласа.

24 часа пред затворањето на анкетата односот бил 70:30 во полза на Брегзит по што тимот на Институтот сфати дека работите се вон нивна контрола па конечната цифра донекаде беше ублажена.

Екипата на Блер потоа тврдеше дека нивната сондажа била киднапирана од приврзаници на Најџел Фараж па понудија резултати од друго истражување по кое „дури 81% се да остане државата во ЕУ додека не се размисли повторно за тоа“. Проблемот е во тоа што наспроти оние 174.000 гласа, втората онлајн анкета се темели на мислење на само 1.830 твитерџии.

„81% за останување во ЕУ има само во меурот во кој живееш“, му беше порачано на Блер на социјалните мрежи.

Тони Блер, откако замина од премиерската функција во 2007-ма, има купено шест куќи, секаде патува со приватен авион и има приходи од речиси 20 милиони фунти годишно. Пишувавме дека само од Морган Стенли, каде работи како советник, годишно заработува 2,5 милиони фунти.

Пишувавме  и дека Саудиското кралско семејство на Блер му исплаќало 52.000 евра месечно и 2% од вредноста на секој договор што Кинезите ќе го потпишат за трошење саудиска нафта.

Последен пат кај нас беше како гостин на Субрата Рој.

 

 

5 март 2018 - 16:57