Берлин побара од Кина да им ги остави на раат пензионираните воени пилоти

Кинеската влада масовно ги користи германските воени пилоти излезени од служба за обука на својата воена авијација, и ова не е по мерак на владата што ја платила целата нивна обука и образование.

За време на состанокот во Шангај, германскиот министер за одбрана се среќава со својот колега од Кина, на кого „јасно му е кажано дека се очекува веднаш да се прекине со оваа пракса.“

Кинескиот министер не негирал ништо од ова, туку само објаснил дека целата пракса нема некое големо значење во рамки на кинеската војска.

Околу кинескиот ангажман на поранешните воени пилоти прв објави Шпигел во петокот, а според нив „многу е веројатно дека пилотите пренесувале експертско воено познавање, како тајни оперативни тактики од германските сили и НАТО“.

Претпоставката е и дека како дел од обуката тие вежбале напади кои би можеле да бидат корисни за Кина во случај на напад на Тајван.

5 јуни 2023 - 10:04