Бајден стана претседател со полош рејтинг од Трамп

Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.

Си-ен-ен прави споредба на анкети од четири агенции, и кај три од нив Бајден го има најнискиот (или е изедначен со најнискиот) рејтинг во историјата на агенцијата, а кај четвртата анкета има за 1% повисок рејтинг од дното.

За споредба, во оваа фаза од мандатот Бајден има полош рејтинг од Трамп со 41% одобрување, наспроти 42-та проценти на Трамп.

Во корист на владеењето на Бајден не оди ниту Индексот на доверба на потрошувачите, кој е на најниско ниво во историјата и изнесува 66 поени. (Рекордот на овој индекс е 99 поени од април 2018.)

18 април 2022 - 15:15