Американците почнаа да посакуваат распад на Америка

Повеќе од половината од луѓето што гласале за Трамп се за поделба на Соединетите држави. На сличен став се околу 41% од гласачите на Бајден.

Освен што сакаат да ги дели граничен премин, истражувањето на Центарот за политика на Универзитетот на Вирџинија, покажало и дека 80% од републиканците и демократите сметаат дека спротивната партија претставува „јасна и актуелна опасност за американската демократија“.

Истиот процент изјавил дека се загрижени дека тие или некој близок на нив ќе доживее „лична загуба или страдање како последица“ на политиките на спротивната партија.

83% од гласачите на Трамп сметаат дека општеството треба да стави крај на многуте „радикални“ и „неморални луѓе кои се обидуваат да ги уништат работите“ во земјата, дополнително забележувајќи дека на САД му е неопходен „моќен лидер со цел да ги уништи радикалните и неморални струи“ кои преовладуваат во општеството.

Кај гласачите на Бајден околу 62% се согласиле околу потребата од „моќен лидер“.

„Поделеноста меѓу гласачите на Трамп и Бајден е длабока, широка и опасна. Ваквиот опсег до сега е без преседан и нема да биде лесно решен,“ изјавил директорот на Центарот што ја спроведува студијата, Лари Сабато.

Една работа околу која се сложуваат по 80% од испитаниците од двете страни е дека демократијата и понатаму е претпочитан избор на владеење во однос на кој било друг.

Пред некое време Бил Мар се обиде да ги предупреди своите сограѓани малку да смират топка.

4 октомври 2021 - 10:22