23-часовен лет за 2 часа со кинескиот диктатор

Многумина го советуваа против, но канцеларот на време слета на аеродромот во Пекинг во петокот наутро околу 9 и 30, пишува германски Билд.

Во авионот заедно со канцеларот Олаф Шолц имаше уште 70 патници, сите прописно тестирани против ковид пред излегување на писта, од претставници на германскиот парламент и министерства, до 12 ЦЕО-а на најголемите и најважни германски компании (Баер, БАСФ, Волксваген, Сименс, Мерк, Адидас, БМВ, Биотек...), плус 23 новинари.

„Програмата за лудото патување на канцеларот беше убиствено хаотична! 23 часовен лет за само 2-часовна средба со претседателот Ши Џинпинг и 1 час со премиерот Ли Кеќанг, во кои се вклучени и  воените почести. Плус, еден час со тамошните бизнисмени и германската заедница. Толку,“ пишува Билд.        

12-те најмоќни ЦЕО никогаш не го видоа Ши, и наместо тоа добиле состанок со кинеските претприемачи во изолираната „гостинска куќа Диаојутаи“, во која протераната сопруга на Мао Цетунг го мина својот живот како дисидент.

„Затоа пак ЦЕО-та, присуствуваа на воената парада одржана во чест на канцеларот, а директорите се сретнаа и со премиерот Кеќанг, кој од последниот партиски конгрес повеќе не е член на централниот комитет на Ши.

По брзите состаноци за политика и бизнис, во 20 часот по кинеско време сите се назад на аеродромот. Шолц ќе биде на германско тло кратко по 2 часот наутро по германско време,“ пишува Билд.

Новинарите, инаку не многу корисни бидејќи по состанокот меѓу Шолц и Ши прочитано е само соопштение без право на прашања, ја раскажуваат процедурата за ковид-19 и мерките на претпазливост на гостувањето:

„Целото патување се одвива под строг надзор на кинеските власти. Два корона тестови пред полетување од Германија, уште еден по пристигнување во Пекинг, и комплетен карантин (10 дена) за сите Кинези кои биле во контакт со гостите од Западот - вклучувајќи го и политичкото раководство, претседателот Ши и премиерот Ли.

Апсурдно, но за да не треба пилотите и екипажот да преспијат во Пекинг и заради тоа да бидат ставени во карантин, тие едноставно летаа до Јужна Кореја, каде беа заменети од друг екипаж кој однапред допатува во Сеул за да може да го собере канцеларот од Пекинг.

Нешто што се истакнува се и ретко ригорозните ИТ насоки и совети што ги доби делегацијата. За да се заштитиме од државни хакери и крадци на податоци, патниците беа советувани никогаш да не ги тргнат очите од својата опрема, ако имаат некој сомнеж да ја спакуваат опремата и да им ја предадат на припадниците на германското разузнавање, да не се користи ВиФи или јавни полначи за уреди за кои се знае дека можат да пренесат шпионски софтвер на телефони или лаптопи.

Секој треба да претпостави дека сите гостински соби, таксија и тоалети има опрема за шпионирање. Интернет и мобилна комуникација со Германија исто така е забранета и детално се проверува.“

7 ноември 2022 - 09:43