Објаснето со над 60 студии

Зошто не треба да вежбаш за да ослабеш

Со години, мантрата на фитнес гуруа, нутриционисти, славни личности, вистински и не така вистински доктори, е: се додека правиш кардио, можеш да правиш криминал во јадење, и пак да слабееш.

Проблемот во ова, според Џулија Белуз и Хавиер Заракина од Вокс, е дека не само што пораката е погрешна, туку таа ја во погрешен правец ја води борбата против дебелината. Затоа тие анализираат над 60 студии за вежбање и слабеење, и зборуваат со 9 водечки истражувачи за вежбање, исхрана и дебелина.

Го заклучуваат следното:

- Знаме дека и покрај советите кои преовладуваат, вежбањето прилично не помага за слабеење. Иако 100% од енергијата што ја имаме доаѓа од храна, само 10 до 30 проценти од нејзе можеме да ја согориме преку физичка активност.

- Не знаеме како физичката активност го активира каскадниот процес на промени кој влијаат на тоа колку јадеш, колку калории користи, и колку тежиш. Како овие ефекти варираат меѓу луѓето не е познато.

- За тебе ова значи дека не треба да очекуваш да симнеш многу килограми само со тоа што повеќе ќе вежбаш. Иако вежбањето е многу значајно за севкупното здравје, колку јадеш и што јадеш има далеку поголемо влијание на твојот струк.

Од целото свое истражување тие вадат 10 најважни точки:

1. Дневната потрошувачка на калории не зависи исклучиво од физичката активност, туку е збир на сите активности потребни за работа на телото и неговите секојдневни функции.

2. Вежбањето е одлично за здравјето. Иако не помага во слабеењето, тоа е одлично и за телото и за мозокот.

3. Само вежбање е речиси бескорисно за слабеење. Не дека нема да помогне кај некого, ама кај сериозното мнозинство тоа ги нема посакуваните резултати.

4. На вежбањето отпаѓа само мал дел од дневното согорување на калориите.

5. Тешко е преку вежбање да создадеш значителен недостаток на калории.

6. Вежбањето му пречи на слабеењето на други посуптилни начини. На пример, може да те прелаже дека треба да внесеш повеќе калории, отколку што воопшто си потрошил.

7. Вежбањето може да предизвика психолошки промени кои помагаат во зачувување на енергијата.

8. Потрошувачката на енергија може да има горна граница.

9. Владата и прехрамбената индустрија шират ненаучни совети.

10. Мерки што помагаат во слабеење, според студија која следи над 10.000 луѓе што ослабеле повеќе од 13 килограми и повеќе од една година ја задржале тежината: мерење тежина најмалку еднаш неделно, ограничување на внесот на калории, избегнување храна со многу масти, и внимавање на големината на оброците.

Сето ова многу поопширно, тука

24 април 2017 - 12:23