Таг: фитнес

ММЕ, кој (и како) го измисли стандардот за 10.000-те чекори

Движењето стана опсесија, нагласена од седечката и изолирана глобална пандемија. Повеќе од 500 милиони луѓе во светот носат фитнес алка или користат апликација за броење на чекорите во текот на денот. Стандардот кој тие (ние!) треба да го исполнат за да им се важи, некој, некогаш, рекол дека треба да е десет илјади чекори, или отприлика 8 километри. Кој е тој и како дошол до оваа „магична“ бројка?

Едно големо „браво“ за светската шампионка Мери Акиевска

„Чувството не може да се опише, четири пати ечеше химната на Македонија, четири пати капеа солзи од среќа. Пресреќна сум, сега можам да одморам и да си каснам и јас малку вкусна храна“.

Пештерскиот човек никогаш не би одел на пилатес

Нова книга го отфрла популарниот мит дека вежбањето е нешто што природно им лежи на луѓето. Мала прелиминарна утеха за да ги поминеме празниците легачки.

Прв и последен пат вежбам со личен тренер

Ама ќе ти дадам попуст или ќе ја рипнеме оваа вежба. Ма каков попуст, ќе џогирам на кеј.

Јозеф Пилатес: човекот кој во затвор го измислил познатиот метод на вежбање

Има луѓе на кои наметната изолација им доаѓа одлично - им дава време и енергија да смислат нешто корисно и добро. Ако никогаш не сте вежбале пилатес, сега му е мајката. Во чест на човекот кој со години им го спасувал животот на луѓето кои биле со него во затвор, со тоа што им ги одржувал и телата, и умот.

Како да вежбаш како Кафка

Доколку би се нашле во 1910-тите на улиците на Прага ноќе, лесно би можеле да налетате на полуголиот (или целосно голиот) Франц Кафка, кој трча, скока и се растегнува на својот прозорец.

5-те лекции за здравјето и вежбањето што треба да се научат од годинава

Главната порака на луѓето од Аутсајд е дека науката е бавен процес, заради што е исклучително важно да не се фокусираш и да не се палиш на инстантните и магични решенија.

Имало нешто што се вика „писателски задник“

Не мислиме на нешто метафорично (пример да имаш „г’з“ да пишуваш како Хантер Томпсон), ниту на нешто безобразно. Ова е вистински, и голем задник, кој полека но сигурно расте ко крофна под р’бетот на оние чија професија е пишувањето. И за ова имаме решение - пишување лежечки.

Зошто не треба да вежбаш за да ослабеш

Со години, мантрата на фитнес гуруа, нутриционисти, славни личности, вистински и не така вистински доктори, е: се додека правиш кардио, можеш да правиш криминал во јадење, и пак да слабееш.

Сплет од народни игри и фитнес

Што да се стори ако некоја заедница која e по традицијата има проблеми со срцеви заболувања и дебелина, а не е нешто по фитнес клубови? Дај им да играат народно.

Како Марија и Антонио го искористија снегот

Додека многумина кукаа цел јануари како било ладно, на -20 било неподносливо да се живее, а снегот бил досаден и кочел сообраќај, овие двајца млади луѓе со топка снег не правеа снешко, туку беа многу по инвентивни и со разни вежби покажаа како човек треба да се одржува во форма. Видеото кое ни го пратија е навистина кул, ама бидејќи сега е доцна за нов снег, за почеток пробајте со празни раце.

Тренингот на Рок

Видовме дека човекот јаде како Балканец на ол-инклузив, сега да видиме како го троши шлеперот храна што го внесува секој ден.

Прв ден во теретана, женска верзија

Колку и да чини да имаш сопствен тренер на фитнес, оваа жена мора да го има за да доживее втор ден во теретана. Во спротивно постои опасност да и пресудат теговите.

Теретаните ќе изгубат од инструкторите

Последниот тренд во оваа - за нас доста непозната - област е дека луѓето сè помалку ги занимаат пространи сали со скапа и софистицирана опрема за вежбање а сè повеќе експерти кои ќе им покажат како треба да се вежба. И ќе си мислат дека еден ден ќе изгледаат како нив.

Таткото на фитнес справите од 19 век (со кои денес тешко би се справиле)

Иако на прв поглед изгледаат како да се за мачење, овие машини биле врв на „механотерапијата", метод на одржување на здравјето промовиран во време кога докторите за оваа цел главно советувале „пуштање крв".

Маркос Рохо и фитнес инструкторката

Откако се откри дека Аргентинецот се обидел со адвокатскиот тим да ја поткупи девојката да не објавува ништо за нивната средба, целата приказна доби судски епилог, во кој подебелиот крај го извади Маркос Рохо.

За што се спрема Марадона?

Легендарниот Диего се враќа во форма. Освен што вежба во теретана, паралелно ги покажува и своите боксерски способности.

Обезмастување на жената

Во мода е една исцрпувачки интензивна програма за вежбање која на жените им ветува дека ќе дојдат до феноменалната цифра од само 15 проценти телесни масти. Главната цена ја плаќа здравјето.

Зошто (мнозинството) фитнес програми се измама

Поранешен член на Националната асоцијација за сила и кондиција, и човекот кој си заминува од КросФит (компанијата) откако за нив развива програма за вежбање со шипка, објаснува - се е тоа гола вода.

Колку сме станати за греота

Моментално физичката подготвеност на човештвото е толку драматично падната што дури и на најсилните меѓу нас, античките луѓе би им изгледале како чудовишта. И за сето ова е виновно земјоделството.

Сите мажи од вашиот фитнес клуб

Тука се, ќе го најдете речиси секој што го среќавате на фитнес. Единствена забелешка што ги немаат: типот "ќе вежбам во дрес од полиестер," типот "во старата теретана кревав повеќе" и типот "дезодоранс?"