Тојота да ги објасни тојотите на ИСИС

Претставници на Тојота мораа да седнат на разговор со неколку американски владини агенции и да се објаснат зошто толку многу џихадисти и екстремисти од Сирија, Ирак и Либија возат толку многу Тојота пикапи.

Свесна за имиџот што го има, Тојота е веројатно единствен авто-производител кој спроведува "строга политика за не продавање на своите возила на потенцијалниот купувач кој би можел да ги користи или модификува за паравоени или терористички активности."

Американската државна благајна има посебен оддел за Тероризам и финансиско разузнавање и нивна работа е пари и добра што би можеле да стигнат до милитантите. Едно од задолженијата им е и да им водат есап на милитантите за "изобилие на производи од една компанија," при што во очи им паѓа големиот број Тојота возила со кои располагаат сите луѓе против кои тие се борат.

Токму заради еден извештај од овој оддел, Тојота објави соопштение во кое и комплетна поддршка на истрагата која меѓу другото треба да утврди и како најголемите терористички организации успеваат да набават толку голем број Тојота возила.

"Иако веќе се поставени процедури кои помагаат да се спречи нивните производи да бидат одвратени од недозволено користење во воени цели, според Тојота, невозможно е за кој било авто-производител да ги контролира каналите преку кои неговите возила можат да бидат употребни во недозволени цели, украдени или препродадени на трети лица," пишува Мишел Чапман за Вашингтон пост.

8 октомври 2015 - 10:19