ТЕД црквата

Во Ванкувер од денес почнува 5-дневната ТЕД конференција. Влезницата за целата конференција чини 8.500 долари (не е грешка), ама тоа е најмал проблем во целиот просец на аплицирање и добивање влезници, во кој треба да одговориш на прашање како "Како твој пријател би ги опишал твоите постигнувања?"

Меган Хустад израсната во христијанска околина, за Њујорк Тајмс објаснува дека кога ги слуша ветувањата на говорниците на ТЕД во нив препознава "ритам на мисионерска ревносност," и дека ветувањата многу звучат како "секуларна религија." Иако нагласува дека не е фер да се каже дека серија конференции и веб видео функционираат како организирана црква, таа смета дека е корисно да се разбере паралелата меѓу структурата на двете.

"ТЕД стилот со неговото ветување за прогрес, е манипулативен како и закоравените системи што планира да ги поремети.

Добар ТЕД говор потсетува на шаторските проповеди. Ги собира заинтересираните и гладните. Потоа се претставува константен човечки проблем, кој, како што говорникот ќе објасни, има подлабоки корени и пошироки импликации отколку што најголемиот дел од слушателите се подготвени да признаат. Откако сите ќе се соочат со овој доказ за еднообразност, последователната потрошност на животот и недофатливоста на внатрешниот мир, се бара решение: Дали и понатаму ќе останеш помирен со ова, или ќе менуваш? Исус на толпата и рекол: 'Кој има уши, нека те чуе.' Вешт шаторски проповедник може да ги изврти зборовите за на крај да каже дека едноставното присуствување на неговата проповед те прави дел од решението.

Процесот што го опишав е реторички убедлив, и да се биде дел од него може да биде возбудливо," пишува Хустад во колумната за Њујорк Тајмс.

Нејзината најголема забелешка е дека ТЕД говорите најчесто презентираат огромни проблеми со уште поголем делокруг. Меѓутоа решенијата што ги предлагаат најчесто се мали промени, кои би требало да решат големи предизвици.

"Овие идеи не се споделуваат затоа што луѓето рационално ги пресметуваат шансите за нивен успех," објаснува Хустад.

16 март 2015 - 16:05