Олимпиското село во Рио нема услови за живеење

Иако спортистите веќе требаше да почнат да се сметуваат во Олимпиското село, австралиската делегација одби да влезе во нивните простории заради проблеми со водовод и струја, факт кој градоначалникот на Рио крајно смирено го поднесе.

Австралискиот Сандеј морнинг хералд цитира изјава на член на австралискиот олимписки комитет според кој австралиските спортисти викендов пристигнале во Рио, меѓутоа кога почнале да се распоредуваат по соби, забележале дека таму "нема услови за живеење".

Австралијците во своите соби забележале дека водоводот протекувал по ѕидовите секој пат кога ќе го испразнеле казанчето, насекаде имало силен мирис на гас, и голи жици од струја. Заради ова тимот решава да се смести во хотели, додека го чека своето сместување на игрите.

Хералд пренесува дека викендов во слична ситуација по пристигнувањето во Рио се нашле и делегациите на Велика Британија и Нов Зеланд.

Во меѓувреме:

виа

25 јули 2016 - 10:24