Колонијата на прогонети руски богаташи

Во еден момент, основачот на Вконтакте (руската верзија на ФБ) Павел Дуров одлучува да му се спротивстави на Кремљ. Во следниот момент, тој бега од Русија и е човек без држава. Неколку моменти подоцна, Дуров и неговите 260 милиони долари се приклучуваат на растечката руска колонија на островската нација Сент Китс.

Островот е сместен меѓу Девствените острови и Антигва, а на него секој може да добие државјанство по две основи: донација од 250.000 долари на Фондацијата за диверзификација на шеќерната индустрија, или 400.000 долари инвестирани во локални недвижности.

Дуров се одлучил на првата опција, а слично планира и брат му Николај, кој му е партнер во компанијата.

Наездата на Руси во Сент Китс следува откако минатата година земјата ја укина визата за Русите. Властите не објавија зошто точно решиле да ја укинат визата, само се знае дека одлуката е донесена во периодот кога неименуван руски инвеститор вложи 50 милиони долари во недвижнини на островот.

Ваквата инвестициска програма во 2012-та на островот му донесе најмалку 75 милиони долари (имаше околу 300 апликанти).

26 мај 2014 - 15:06