Книгата на Хилари, сосема ненамерно, совршено покажува зошто таа изгуби

Обидувајќи се да се помири со својот пораз, Хилари Клинтон ја повторува истата празна реторика и сомнителни политики кои доведоа до тоа, пишува Џејми Пек во анализата на "Што се случи".

Давајќи преглед на личните ставови кон Хилари, авторката објаснува дека сочувствува со демократската кандидатка, ама не затоа што се согласува со нејзините политики или затоа што и се допаѓа на каков било начин, туку затоа што општо се обидува да има емпатија кон секој човек.

"Меѓутоа затоа што мојата емпатија е поголема од Хилари - и важи и за маргинализираните луѓе од Литл Рок до Ирак - истовремено таа мене сериозно не ми се допаѓа. (Без гајле не е родова предрасуда: подеднакво ги мразам и двајцата Клинтонови.)," објаснува авторката.

Во ваква состојба на амбивалентност таа започнува со читање и преработување на книгата од 496 страници. Првичниот впечаток е дека книгата е далеку поемотивна отколку што очекува. Низ целата книга, а посебно во заглавието "Да се биде жена во политика," Хилари зборува за сексизмот со кој се соочува за време на изборите 2016. За разлика од упорноста низ кариерата да се претстави како "автентична", Пек смета дека во книгата Хилари на повеќе места излегува крајно допадлива, од нејзината љубов кон ќерка и, внуците и родителите, па дури и за сопругот, до желбата Америка да избере жена претседател ("што наместо тоа заврши со разочарување и избор на ужасен шовинист").

"Меѓутоа за секој момент на идентификување, има повеќе моменти каде таа изгледа како да е запрепастувачки без осет. Нејзините арогантни референци на познати пријатели како Оскар де ла Рента или дополнителни куќи и домови, и нејзината опсесивна фокусираност на професионални жени и претприемачки од технолошката индустрија, не беа нешто со кое можев да се поврзам со моето искуство како ниско платен член на прекаријатот. А јас сум попривилегирана од просечниот Американец," пишува Пек.

Објавувањето на книгата прво предизвика сериозна дебата во меинстрим медиумите  околу тоа дали таа воопшто требало да биде напишана. Дел од оваа дебата ги вознемири и симпатизерите на Хилари, кои свртеа на тоа дека обидите да се замолчи претседателската кандидатка се затоа што таа е женско.

"По мое гледиште, сите овие луѓе грешат. Книгата треба да постои, ама исклучиво како документ за неуспех кој треба да биде изучуван во следните децении.

Иако Клинтон одлично посочува што се случило, таа не е ни најмалку поучна на начинот на кој веројатно се надевала дека ќе биде. Од нејзината стравопочит кон базите податоци и експертите, до нејзината претпазливост кон какво било популистичко движење, до нејзината слепа посветеност кон прелевањето феминизам, Клинтон само го засилува размислувањето кое ги натера прогресивците од сите демографии да останат дома или да гласаат за трета партија во 2016.

Како што покажа службата на самата Хилари на синдикално погубниот борд на Волмарт, простото примање на повеќе жени на високи позиции не носи никаков напредок за жените што се на дното. Во еден посебно обелоденувачки пасус, таа дава пофалба за милионите луѓе кои протестираа на Женскиот марш низ светот, и во истиот здив со злопамтење се запрашува 'каде беа тие чувства на солидарност, гнев и пасија за време на изборите.'

За мене одговорот е очигледен: луѓето не излегоа за Клинтон затоа што тие не ја поддржуваа нејзината дотогашна работа, нејзината порака не ги привлече, и таа беше далеку поконзервативна од просечниот либерален гласач...

... Просто кажано: ние не изразивме чувства на солидарност и пасија затоа што едноставно ги немавме," порачува Пек.

Забелешката на Пек е што кога Хилари ги признава своите недостатоци кои придонеле за поразот таа наведува површни карактеристики, како тоа дека не била допадлива. Или како што Пек одлично го срочува тоа: "исто како на интервју за работа да кажеш дека си 'преголем перфекционист' кога ќе те прашаат што ти е најголема мана."

"Кога зборува за нејзините платени, зад затворени врати, говори за Голдман Сакс, на пример, таа инсистира дека нејзината блискост со криминалци кои избегнаа казна за предизвикување на финансиската криза нема никако да влијае врз нејзината политика кон истите овие криминалци; нејзината единствена грешка била што погрешно пресметала како јавност ќе ја перципира по ова: 'зборував со публика од најразлични полиња... исто така зборував и со банкари. Посебно по финансиската криза од 2008-2009 требаше да сфатам дека тоа ќе биде лоша слика и да се држам на страна од каков било контакт со Вол стрит.'," пишува во Пек во текстот за Броудли.

19 септември 2017 - 15:20