Таг: книга

„Во другите улоги“ - патување на крајот на филмската шпица

Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.

„Срце од црн гулаб“ - нова книга за магиските обреди во Србија

На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.

Правда за обичните табли со креда!

Пред некое време бевме присутни на тажна сцена - убава стара зелена табла беше заменета со „смарт“ од новите, која бара посебен и скап проектор, и која никој од прва не знае да ја користи без посебна обука. Не ги гибајте старите школски табли и кредата на нив!

Пејачки муабети: познати музичари зборуваат за своите гласови

Во ново издание под наслов The Singers Talk, некои од најголемите пејачи на нашето време зборуваат за нешто за коешто никогаш не се прашани - нивниот „алат“, односно гласните жици. Ози Озборн, Брус Спрингстин, Роберт Смит од „Кјур“, Том Јорк и голем број други откриваат што мислат за сопствените гласови. 

Следната книга на нобеловецот Ишигуро е збирка стихови за џез песни

„Изградив репутација на прозен автор, но почнав со пишување песни“, вели Ишигуро, добитникот на Букер и Нобел. Жената за чии џез изведби пишувал стихови се вика Стејси Кент.

Прашина - како светот се гуши во милијарда честички

Нова интригантна книга на географката Џеј Овенс покажува зошто честичките кои летаат низ воздухот се истовремено и спас за природата и нејзин отров. Таа е тука не само кога ќе заборавиме да забришеме по дома, туку и - или особено - кога не ја гледаме. 

Нова книга со рецепти инспирирана од друштвената игра „Катан“

Во пресрет на првото Државно првенство во „Катан“, кое ќе се одржи на 20 август од 11 часот во „Јавна соба“, рецепти инспирирани од оваа игра-бестселер, и причина повеќе да почнете да ја играте - ем друштво, ем добра храна.

Пловечкиот универзитет - судбината на еден необичен образовен експеримент

Во 1926 професор од Њујоршкиот универзитет - образовен реформатор со големи соништа - се нафатил на храбар експеримент. „Храбар“ значело (а и денес значи) дека шансите да не успее биле големи. Така и испаднало.

Истоштени и исцедени - уморот низ историјата

Неодамна излезе книга  на францускиот историчар и социолог Жорж Вигарело која го анализира феноменот на уморот од средниот век до денес. Без оглед за кој период станува збор, чувството на истоштеност кое го навјасува духот и ни ја влече снагата надолу е исто.

Како „транспарентноста“ е поврзана со историјата на - прозорците?

Терминот „транспарентност“ стана мантра на епохата. Тој е клучен за западното разбирање на либералното општество. Очекуваме транспарентност, достапност, видливост од политичките институции, од корпорациите, од медиумите. Но како таа стана толку моќна и глобална идеја?

Дали некогаш сте гестикулирале со трепка или со колено?

Прв пат објавен во 2005, овој прирачник за телесни гестови содржи 850 движења, вклучувајќи го целото тело од усни до колена. Кој би рекол дека дури и со трепки човек може да зборува?

Готвење, манастири, математика: кратка историја на правилата

Историчарката на наука Лорејн Дастон е авторка на книга „Правила: кратка историја на она кон што се придржуваме“. Oпишана како „панорамски преглед на правилата на западниот свет“, таа го трасира развојот на правилата од древни до модерни времиња, притоа земајќи предвид извори како сообраќајни регулативи, правила за играње игри, готвачи и воени прирачници.

Книжевно дело кое е истовремено и друштвена игра

Раскажувањето добри приказни преку игри е навистина тешко. Тие наметнуваат и такви предизвици со кои писателите вообичаено не се соочуваат. На пример, ако на играчот му е дозволено да носи примарни наративни одлуки, тогаш приказната веќе нема дефиниран протагонист. Ако пак му се одрече контролата врз одвивањето на приказната, тогаш се укинува главниот елемент што игрите го нудат во споредба со потрадиционалните, статични наративни медиуми - интерактивноста.

Нежната уметност на шведското претсмртно чистење

Во 2018 излезе англискиот превод на книга чиј поднаслов е „Како да се ослободиш од глупости што си ги собирал целиот живот“ на шведската авторка Маргарета Магнусон. Иако звучи како уште еден практичен и несентиментален пристап кон средување на куќата, таа, како и новата серија поврзана со неа, имаат посебен, скандинавски шарм.

Уличниот чистач кој напиша книга за убавината среде ѓубрето

Се вика Мишел Симоне и до сега не бил познат надвор од својот роден Фрибург во Швајцарија. Локалците го знаат по веселото пеење додека го собира отпадот од улиците и по розата закачена на неговата количка за чистење. Откако на Инстаграм беше постирано видео од него кое стана вирално, се дозна дека тој е и писател.

Приказната за бабите-трујачки од унгарското село Нагирев

Нова книга од Пати МекКракен го истражува случајот на тн. „создавачки на ангели“ - неверојатната, вистинска приказна за намерно труење со арсен помеѓу унгарските селани од почетокот на 20 век.

Лажи, лажи, Вере: како бил измислен полиграфот?

Идејата дека телесните процеси можат да го „издадат“ умот постоела со векови. Во древна Кина осомничените требало да џвакаат неварен ориз - се верувало дека тој би се залепил за сувите, нервозни усни на виновните. Во 1730, Даниел Дефо, авторот на „Робинзон Крусо“, сугерирал дека забрзаниот пулс на потенцијалните џепџии би бил знак за нивно распознавање. „Вината секогаш со себе носи страв“, напишал тој. „Во крвта на крадецот има тремор“.

Француски филозоф: „Оставете ме да муабетам со пријателите до три наутро“

Жефроа де Лаганери вели дека давањето предност на пријателствата пред љубовните врски или семејството е радикален чин на отпор кон денешното општество, кое авторитарно наметнува приоритети. 

До сега Маркс беше црвен - може ли да биде и зелен?

Каква врска има марксизмот со климатските промени, еколошката криза и аргументите за економија без раст? Нова книга под наслов „Маркс во антропоценот“ на јапонскиот филозоф Кохеи Саито, која излегува од печат денес, 28.2., тврди дека таква врска има. 

Животите на сопругите: пет книжевни бракови

„Немој да станеш писателка. А ако станеш, не се мажи со друг писател“ - бил советот до авторката на новоизлезена историја на книжевните бракови од нејзиниот професор по книжевност. Таа го послушала, се омажила за архитект, а пишувајќи ја оваа книга сфатила на што мислел.

Дали пиратите ја измислиле демократијата?

Нова, постхумно издадена книга на прерано починатиот антрополог Дејвид Гребер, која официјално излегува утре, 24.1, тврди дека голем број вредности кои западот инсистира дека се негова рожба се всушност производ на протодемократски уредувања во далечни земји и на изолирани острови, некаде далеку од Европа. 

Кој е вистинскиот автор зад мемоарите на принцот Хари?

Малку е да се каже дека книжевна (?) тема број еден на почетокот на 2023 е автобиографијата на принцот Хари, особено (и разбирливо) во Британија, каде книжарници отвораа и на полноќ за да излезат во пресрет на љубопитните читатели. Нам не ни е толку интересна содржината на книгата, туку нејзиниот гоуст-рајтер.

„Мрачни голови“: кога фудбалот се користи за политички цели

Нова книга (ноември 2022) на Лусинао Вернике претставува детална анализа на најекстремните случаи на политичка злоупотреба на фудбалот. Почнувајќи од првото Светско првенство во Уругвај, авторот нè запознава со цела лепеза озлогласени личности кои сметале дека токму фудбалот ќе им помогне во одржувањето на моќта.

Одморот како облик на отпор

Не мора да излегувате на протести и да мавтате со пароли и бајраци. Не мора да извикувате пароли или да пишувате остри критики на социјалните мрежи. Отпорот може да се состои и само во тоа дека ќе здивнете. И тоа не само за викенд.