Кардиналот цвеќето го расне

Нема да е чудно дел од кардиналите кои ќе гласаат нов Папа да бидат запотени откако се обелодени дека Светата столица купила 23 милиони евра вреден дел од еден станбен блок во Рим во кој се наоѓа - најголемата европска геј сауна.

Најблиску до пареата на последниот ватикански скандал е 76 годишниот кардинал Иван Диас кој ужива во 12 собен апартман на првиот кат, само неколку метри оддалечен од фамозната геј сауна.

А во блокот има уште 18 ватикански апартмани.

Печатот иронично прашува дали Диас кој важи за конзервативец знаел да се симне спрат подолу и да го провери своето тврдење дека хомосексуалците можат да бидат излечени од нивните неприродни желби со помош на опростот и другите свети тајни.

Сауната Мултиклуб меѓу другото нудела и забавни точки во кои влакнести мажи стрипери се преслекуваат во свештеничка одора.

Благодарејќи на великодушноста на Берлускони кој воведе екстра даночни олеснувања за Ватикан, Италија нема да види многу пари од оваа милионска инвестиција во недвижнини.