Таг: геј

Русин откри катастрофален баг (како за кого) на Ајфон

Заради пропуст кој до сега беше превиден (намерно или не) од глобалната технолошка заедница, Епл ќе заврши на суд во Москва.

Брунеи бара ЕУ да ги остави на раат да каменуваат гејови

Во серијата средновековни мерки што на почетокот од април властите на Брунеи ги претворија во закон е и казната за геј секс со каменување до смрт. ЕУ има проблем со ова. Брунеи има проблем со тоа што ЕУ има проблем.

Полари, или тајниот јазик на британските геј мажи

“Bona to vada your dolly old eek!” Ова може да звучи како бесмислена реченица, но всушност бил вистински поздрав помеѓу геј мажите во Британија во 1950-тите и 1960-тите. Значи „Фино што ти го гледам убавото лице“ и е изговорена на јазик кој се нарекува полари.

Православието и хомосексуалноста

Иако потиснувана, хомосексуалноста ретко е системска жртва на насилство во православните општества, можеби е затоа што православните цркви не ги анатемизираат хомосексуалците експлицитно. Ставот на православието кон хомосексуалноста е повеќе став на молк (во споредба со западните цркви). Дечково нема проблем да биде православен геј. Напротив, токму во православниот концепт на личноста, тој си наоѓа место како геј во една религија.

Фотографијава стана нелегална во Русија

Русија забрани објавување и споделување фотографии од Путин како геј кловн (меѓу останатите работи што ги забрани), и ова е посебен проблем за медиумите кои заради забраната сега немаат како да покажат која слика е забранета за прикажување.

Чеченија собира хомосексуалци

Њујорк тајмс цитира руски извори по кои во Чеченија се спроведува масовна чистка на хомосексуалци. Портпаролот на Кадиров пак, вели дека не можеш да уапсиш некој кој не постои.

Грем, дојди и штипни ме за задникот

Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.

Руски Максим со листа на ОК гејови

Под наслов "Гејови што ги почитуваме" уредништвото на руската верзија на магазинот Максим прави листа на славни мажи кои се толку добри во својата работа што им ја "простуваат" нивната сексуална определба.

Животот на првиот англиски фудбалер кој призна дека е геј

Мислам дека направи, односно дека направивме една ситуација во кој беше изолиран. Не мислам дека прифативме тоа што е геј. Кога велам “ние“ најверојатно сакам да се заштитам за да не кажам “јас“, изјави неговиот брат.

Најголемата збирка пениси во светот

Во рубрикава веќе пишувавме за Фалолошкиот музеј (или музејот на пениси) во Исланд, кој вклучува 290 фалуси на цицачи, меѓу кои и петнаесет модели од овој скапоцен орган на членовите на нивната национална ракометна репрезентација. Но во светот има уште најмалку една голема збирка на уметност инспирирана од него.

Шовинизам во машката геј култура?

Иако изгледа како непробојно од неодамна почна да се развива сериозна дебата на тема пријателство меѓу геј мажи и хетеросексуални жени. Забелешката е дека геј мажите се генерално кратковиди околу правата на останатите угнетувани групи, и дека нивниот однос кон жените за многумина е шовинистички (секако, на различен начин од шовинизмот на стрејт мажите).

Сите спортови се геј

Инспириран од рекламава за санкањето, Џими Кимел се обиде да докаже дека секој спорт може да изгледа геј ако се успори снимката и се додаде музика.

Олимписките игри отсекогаш биле геј

Русија во пресрет на Зимските Олимписки игри во Сочи донесе закони и започна пропаганда против хомосексуалците, а еден канадски институт кој ги брани правата на геј популацијата возврати со реклама.

Кој сум јас да им судам

Запрашан за неговиот став околу геј свештениците, Папата Францис им одговори на новинарите со вечните зборови на Оливер Драгојевиќ.

Сент Паули е првиот „геј-френдли“ фудбалски клуб

Германскиот второлигаш Сент Паули објави дека во идина на секој домашен натпревар покрај клупското знаме, ќе се вее и знамето со боите на виножитото поддржувајќи ги правата на хомосексуалците.

Кардиналот цвеќето го расне

Нема да е чудно дел од кардиналите кои ќе гласаат нов Папа да бидат запотени откако се обелодени дека Светата столица купила 23 милиони евра вреден дел од еден станбен блок во Рим во кој се наоѓа - најголемата европска геј сауна.

Два пати гледај, еднаш регрутирај

По основа на спектакуларно лоша идеја, за да го спречат регрутирањето на геј мажи офицерите на руската армија добија наредба повеќе време да минуваат на физичкото прегледување на регрутите, посебно во пределот околу препоните.

Колку геј е геј?

Според важечките норми, мажите не се допираат многу-многу. Ракување, кратка прегратка - тоа е прифатливо. Но хетеросексуални мажи да се држат за раце или да се фаќаат околу струкот? Тоа е во најмала рака необично. Сепак, не било отсекогаш така.

Полските хулигани станаа геј икони

Сликите на разголени мускулести ултраси, припадници на една од најозлогласените навивачки групи во Европа, наместо да шират страв станаа рај за очи и хит на вебстраните за хомосексуалци.

Хомосексуалците поуспешни од стрејт олимпијците

Само 23 олимпијци беа декларирани хомосексуалци, но 10 од нив се закитија со медали. Процентуално гледано, геј олимпијците освоиле шест пати повеќе златни медали од стрејт натпреварувачите на Олимписките игри во Лондон.

100 години без геј парада

Затоа што веројатно не планира во скоро време да го промени мислењето, судот во Москва забрани одржување на геј парада во идните 100 години.

Бетмен е геј, ама има и други

Ако го тргнеме на страна спасувањето на светот, зборуваме за богаташ кој живее во својата таинствена вила на периферијата од градот, со својот батлер и едно младо момче.