Како богатите родители ги растат богатите деца

Како стартна позиција шведските истражувачите го земаат до сега повеќе пати потврдениот резултат, дека децата на богатите подобро минуваат во живот и се поуспешни отколку децата од посиромашни семејства. Она што ги интересира е - зошто?

Тие се сложни дека околината е клучен фактор. Кај децата израснати од биолошки родители, корелацијата меѓу богатството на децата и идното богатство на децата е силна, со коефициент од 0,33 (коефициент 0 значи дека богатството на родителите нема никакво влијание на богатството на децата, а корелација од 1 значи дека тие се идентични).

"Овие бројки покажуваат дека децата кои се израснати како богати својот финансиски успех повеќе му го должат на домаќинството во кое израснале отколку во која било вештина што ја поседуваат," пишува Џо Пинскер објаснувајќи ја шведската студија во текстот за Атлантик.

Барајќи го објаснувањето за ова, тие земале предвид повеќе фактори - образование, вештина на продавање или купување акции, подобри училишта, професионални контакти и сл. Ниту еден од овие не бил пресуден фактор, одлучувачко било што - богатите деца развиле тенденција да штедат пари.

31 јули 2015 - 15:37