Дали каналот е полуполн или полупразен?

За првпат во историјата, еден прекуокеански карго брод успеа да мине низ арктичките води близу Канада и значајно да ја скрати вообичаената транспортна рута со што се штеди време, гориво и емисија на јаглерод диоксид. Сето тоа благодарејќи на глобалното затоплување.

Придружуван од канадски брод за кршѓење мраз, гигантскиот карго брод Нордик Орион успеал да мине низ тн северозапададенпремин близу Арктикот, сосема поинаква рута од вообиачаената која минува преку Панамскиот канал.

75.000 тони тешкиот карго брод минал преку досега невозможната траекторија благодарејќи на затплпувањето и подигнатото ниво на водите (чекајте, лошата вест е на крајот), со што го скратил патот за цели 1.000 наутички милји.

Крајна цел било финското пристаниште Пори, за кое традиционалната рута е преку Панамскиот канал. Благодарејќи на тоа што не морал да минува низ плитките води на тој канал, бродот успеал да собере и 25 проценти повеќе товар.

Вкупната заштеда во патни трошоци на конкретното патување изнесува 200.000 долари но не се занемарливи и еколошките придобивки во поглед на штедење гориво и испуштање штетни гасови во атмосферата.

И се ќе беше хепи доколку не го знаевме товарот на Нордик Орион: 15.000 тони јаглен.