Што е следниот потег на Путин?

Што е следно по падот на Северодонецк, по крахот на целосната западна аналитика околу решителноста на Москва да ја добие војната, по неуспехот на Западот да ја сфати длабочината на омразата и презирот што Путин ја има кон нив?

Прво, Путин на своја страна го има обемот и  квантитетот во војната против Украина. Без разлика колку е херојски украинскиот отпор, тој не е бескраен, посебно како што жртвите продолжуваат да растат, а залихите оружје и логистиката се празнат.

Второ, Путин без сомнеж ги гледа, со право или не, слабостите и пропустите во Западната алијанса, кои, со тек на време нема да можат да бидат коригирани и ќе може да бидат искористени. Во овој контекст, енергијата и храната можат да бидат искористени за создавање на поделба во алијансата. Европа е зависна од рускиот гас и нафта. А цената на нафтата во САД, претпоставувајќи дека ќе остане висока, е голем проблем за претседателот Бајден и поддршката што ја има дома, дополнително нагласено од растечката инфлација која може да спречи долгорочен консензус околу одвојување големи милијарди долари за поддршка на Украина.

Тоа што Путин го научи за храната во Сирија е дека миграцијата може да биде моќно оружје. Со избувнување на масовна глад и недостаток на храна, импликациите што тоа ќе го има врз миграцијата се очигледни. Покрај 5 милиони раселени Украинци и значителен број на луѓе што бараат престој во Полска, Романија и други места, гладот ќе доведе неброени други луѓе кои ќе бараат безбедност и издршка во Европа и САД. Западот можеби нема да може да го издржи ова.

Трето, Путин гледа дека САД сега се присилени да планираат за војна на два фронта, против Русија и Кина. На Путин целосно му е јасна глупавоста на таквата стратегија. Наполеон и Хитлер на крај беа поразени од тоа што влегоа на два фронта, со инвазијата на Русија во 1812 и СССР во 1941. Кина тогаш е стратешки посед како и пазар за руската енергија да може да ги заобиколи санкциите и да ги присили САД да ги разретчат своите ресурси за да можат да се справат со два непријатела оддалечени преку половина свет.

Четврто, Путин веројатно ги смета поделбите во Америка на речиси секое прашање како дополнително ограничување на нејзината моќ и способност да влијае на настаните. Иако може не ги следи двете одлуки на Врховниот суд на САД од пред две недели, една за укинување на правото на абортус, а другата за дозволување на сите Американци да носат скриено оружје, сепак американскиот политички систем изгледа како постојано да е заглавен и неспособен да функционира.

Петто, Путин има и друга предност. Бруката околу литванското наметнување на ЕУ санкции врз Русија преку блокирање на одредени производи и услуги за руската енклава Калининград, е една од нив. ЕУ може ќе го реши ова. Меѓутоа директните воени закани од Русија веќе доведоа до силни реакции на Балтикот.

Естонската премиерка, Каја Калас, прогласи дека НАТО стратегијата за одбрана на Естонија би можела да заврши со бришење на нејзината земја од мапата. Путин нема да се воздржува да ја покажува главната и единствена руска воена предност пред НАТО - бројната супериорност кај нуклеарното оружје со краток домет - и јавно објавување за нивно дополнително распоредување во Калининград како Дамоклов меч за заканување и поделба на НАТО.

НАТО самитот треба да се случи неделава. НАТО ќе го објави својот нов Стратешки концепт кој започна со голема реорганизација дента кога Русија ја нападна Украина. Тој ќе содржи повеќе НАТО сили на Балтикот и на северното и јужно крило, кои треба да спречат руска агресија. Меѓутоа дали овој концепт ќе го превагне она што Путин го смета за своја предност?

За среќа, предностите на Путин не мора да значи дека се толку силни или валидни како што тој мисли. Сепак, освен ако Западот не сфати зошто Путин верува дека времето е на негова страна и не почне да делува за да ја смени таа перцепција, ќе биде тешко да се биде оптимист околу шансите за остварлива контра стратегија.

А имајќи ја предвид сегашната запалива атмосфера, сеќавањата на 28 јуни и атентатот на надвојводата Франц Фердинанд и неговата сопруга во Сараево во 1914 почнуваат да надоаѓаат.

Харлан Улман,
Хил

29 јуни 2022 - 11:26