Немате претстава колку многу се заглавени сите можни поштенски пратки во Кина

На Кина и се случија серија проблеми кои целосно ја осакатија поштенската мрежа (и приватна и државна и глобална) во земјата, на досега незамисливи начини. Едноставно во големите градови во земјата ништо никаде не мрда.

Во основа проблемите се крајно едноставни: Кинезите имаат преголем број пакети за испорачување а нема кој да им ги испорача.

Лошата серија која им се случува на Кинезите е следната:

- Милијарди он-лајн нарачки за Денот на самците (11.11).

- Ширење на ковид низ неколку поголеми урбани центри (Пекинг, Шангај...).

- Заради ковидот сите се под карантин и нема кој да ги испорача пакетите од 11.11, плус новите нарачки што секојдневно течат.

- Додека овој проблем уште седи нерешен, згора на него се трупаат и новите нарачки, а со одминување на декември доаѓаат и новогодишните празници, кои иако не се главниот празник во земјата, сепак значително го зголемува обемот на нарачки.

Крајниот резултат е ова:

11 јануари 2023 - 10:24