Кипар се крсти во коцкарниците

За повторно да се стартува економијата, потребно е да се засили туризмот, за што пак е потребно да се отворат коцкарници, на кратко гласи економскиот план на кипарскиот претседател.

Со одлуката за укинување на забраната за отворање казина, кипарскиот претседател влезе во сериозен судир со Православанта црква. До сега, коцкарниците беа дозволени само во турскиот дел од Кипар.

Oва е дел од првата низа мерки за поттикнување на стопанскиот раст предложени од претседателот Никос Анастасијадис. Во спротивно, според сегашните математики, оваа стапка се очекува до 2015-та да падне за 13%.

Меѓу другите мерки, тие предвидуваат и даночни олеснувања за компаниите кои ќе вработуваат нови работници и воведување на паркови со сончева енергија. Младите ќе добијат државна и црковна земја за обработување, а оние на кои заради хипотека им се запленети домовите или фирмите, и понатаму ќе може да го користат запленетиот имот како закупци.

Минатиот месец Кипар прифати кредит од 23 милијарди евра од ЕУ и ММФ.

19 април 2013 - 21:38