Холивудска математика

Филмските студија имаат некоја магична математика по која филмови како Форест Гамп и Хари Потер имаат 0 долари профит, што пак значи дека нема потреба да им плаќаат на актерите.

По оваа математика Враќањето на Џедајот, кој со буџет од 32 милиони долари има заработено 475 милиони долари, нема направено ниту долар профит.

Математиката е следна: студијата основаат одделна "корпорација" за секој филм што го прават. Како и секоја компанија и оваа "корпорација" го пресметува профитот со одземање на трошоците од приходите. За да се избрише каков било профит, студиото и наплаќа на "корпорацијата" огромни трошоци кои сериозно ги надминуваат приходите од филмот. Во сметководствени цели, филмот е "загубар" и нема профит за делење.

Како еден доказ за ова е крајната пресметка за "Harry Potter and the Order of the Phoenix" кој според холивудското сметководство завршил со загуба од 167 милиони долари, и покрај тоа што има бруто заработувачка од 940 милиони долари.

По оваа математика, филмот Враќањето на Џедајот има заработувачка од речиси половина милијарда долари, меѓутоа "компанијата Враќањето на Џедајот" се уште нема направено никаков профит. Заради ова, Дејвид Проус, актерот што го глумеше Дарт Вејдер, се уште нема добиено никакви тантиеми од филмот.

"Од време на време добивам по некое писмо од Лукасфилмс, во кое со жалење ме информираат дека Враќањето на Џедајот никогаш не направил профит, па затоа нема што да ме исплатат," изјавил Проус.

10 септември 2012 - 14:34