Германија не може да се разбере за гасот ни со Катар

И двете страни се сложни околу тоа дека и двете страни не се задоволни со договорот што требаше да донесе каков таков енергетски мир за Германија.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек и катарскиот емир Ал Тамим

Германија одбива договорот со Катар да им биде на период од 20 години, делумно и затоа што германската зелена агенда е во идните 20 години за 88% да го намалат загадувањето од фосилни горива.

Катар инсистира и на „клаузула за дестинација“ односно гасот продаден на Германија да не смее да се препраќа на други дестинации низ Европа. На овој услов се противи ЕУ.

Трета работа што ја бара Катар е договорот да биде врзан со цената на нафтата, нешто слично на ценовната структура што ја има за продажбата во Азија. Наспроти нив Германците бараат поврзување со холандскиот ТТФ индекс.

Надежта на германската страна е дека ќе ги фатат Катарците на финоќа, па Ројтерс пренесува изјава на извор од германската индустрија кој порачува „треба да има џентлменски договор меѓу катарските и германските компании дека гасот ќе биде само првиот чекор во долгорочната соработка меѓу двете држави.“

11 мај 2022 - 14:58