Германија го презема Газпром Германија

Германската подружница на Газпром ќе биде префрлена под управа на германскиот регулатор за да се осигури енергетската безбедност на земјата.

По ново регулаторот, Бундеснетзагентур, ги има сите гласови во компанијата, а одлуката веднаш стапува на сила со објавување во Федерал газет  (тамошниот Службен весник).

Бундеснетзагентур ќе ја има контролата врз Газпром Германија се до 30 септември 2022, а во овој период ќе може да отстранува директори, да ангажира нови вработени и да работи со менаџментот. Како што објаснуваат од регулаторот „намерата ни е да го управуваме Газпром Германија во интерес на Германија и Европа.“

Од министерството објаснуваат дека ваквата одлука е донесена за да се спречи започнатата аквизиција на Газпром Германија од руските ЈСЦ Палмари и Газпром експорт бизнис сервисес ЛЛЦ. За министерството не е јасно кој стои зад двете компании, односно двете се од надвор од ЕУ па аквизицијата не е легално дозволена, бидејќи на овие ентитети не може да им биде дозволено да управуваат со критична структура.

Во петокот беше објавено дека Газпром одлучил да го прекине своето учество во Газпром Германија и целиот негов имот, кој вклучува подружници во Британија, Швајцарија и Чешка. Минатата недела во канцелариите на Газпром во Германија упаднаа анти-монополските власти на ЕУ.

Под Газпром Германија, меѓу другото, потпаѓа и трговецот со гас Вингас и фирмата за складирање природен гас Астора, која во Германија и Австрија располага со подземни капацитети за гас од 6 милијарди кубни метри.

5 април 2022 - 08:31