Адидас остана со пола милијарда долари патики од Канје

Откако реши да ја прекина соработката со Канје Вест, Адидас заглави со лагер од патиките Yeezy вреден 530 милиони долари. За да ги минимизира загубите, германскиот гигант за спортска облека сега се обидува да ги продаде под сопствен бренд.

Годинава Yeezy учествувал со околу 7% од продажбата на Адидас, со  вредност од 1,8 милијарди долари, објави Фајненшел Тајмс. 

Партнерството нагло беше прекинато во октомври откако раперот ја испука онаа фурија антисемитски коментари на Твитер.

Адидас соопштија дека како резултат на таа своја одлука, очекуваат намален профит за околу 247 милиони долари.

И други други компании ги извадија Јези од нивните продавници, вклучувајќи ги Баленсијага (кои имаат проблем и со самите себе), Гап, Футлокер...

Канје и преходно беше во радарот на компаниите сио кои соработува, особено по наводите на Ролинг Стоун дека манипулирак и се однесувал несоодветно со вработени во својата компанија, покажувајќи им експлицитни материјали од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

27 декември 2022 - 14:36