Видимо се на Фејсбук?

Во Црна Гора направија рација на затворот во Подгорица, откако еден затвореник објави свои фотографии на Фејсбук. Во Србија, објавија ценовник колку чини логирање на Фејсбук. Користењето на Форсквер, во овие услови изгледа глупаво.

Еднократниот надомест за сурфање на интернет и користење Фејсбук во српските затвори е од 500 до 4.000 евра, на ова треба да се додаде и цената на уредот и месечната претплата.

Дел од затворениците имаат лажни профили на Фејсбук или другите социјални мрежи, кои ги користат за комуникација со блиските. Ама друг дел, како на пример Кристијан Голубовиќ, се труди на што е можно повеќе луѓе да им покаже што прави он во затвор.

Запознајте ги Мирко и Славко на Кристијан

"Кој има пари може да им плати на чуварите да му го внесат мобилниот и тоа е тоа. Секој што има подобар модел на мобилен има и пристап до интернет и Фејсбук. Појавувањето на Фејсбук, е далеку помал проблем од тоа што затворениците ги користат телефоните за водење на својот бизнис," изјавил неименуван извор за српски Телеграф.

ЦЗ гозба

 

19 јуни 2012 - 09:14