Србија до Лилехамер

Лажниот Норвежанец што го прелажа цел Белград

ЈП "Ада Циганлија" е задолжено за управување со истоимениот дел од брегот на Сава во Белград. Минатата година за комерцијален и финансиски директор на претпријатието е назначен Норвежанецот - Кристијан Стенберг. Баш така, што бара Норвежанец на Ада?

Стенберг, иако чуден на колегите, на функцијата останува околу 5 месеци, поточно се додека не почнат да се појавуваат сомнителни фактури, по што чудното однесување почнува да го забележува и раководството на "Ада".

Тогаш тие откриваат дека човекот ниту е Кристијан, ниту е Стенберг, ниту пак е Норвежанец, туку е Јасмин Бухиќ од Мркоњиќ град, БиХ. Од тогаш, Јасмин со спогодбено раскинување на договорот си заминува од јавното претпријатие.

"Ада Циганлија" е четврто јавно претпријатие во Белград во кое Јасмин успева да влезе. Претходно тој, како Стенберг, има работено во Градската управа за цени, па во Сава Центарот, по што станува претседател на надзорниот одбор на ЈКП "Белград пат."

Единствената допирна точка на Јасмин со Норвешка е што тој на факултет има објавено научен труд на тема "Компаративна анализа на сметководствените системи на Кралството Норвешка и на Република Србија." Од тогаш тој се претставува како норвешки финансиски експерт, а за комплетирање на впечатокот тој го менува и името. Според извори на Блиц, Јасмин на последното работно место бил препорачан од помошникот градоначалник на Белград, Борко Милосавлевиќ.

25 март 2016 - 17:37