И Бугарите лапале коњско месо?

Цела пратка на лазањи е повлечена од рафтовите на Керфур во Бугарија, заради сомневање дека содржи коњско месо, соопшти бугарското министерство за земјоделие. Примероци од пратката се пратени на дополнително тестирање.

Министерот Мирослав Најденов изјавил дека откритието се уште не е потврдено, а според БТВ примероци од спорната лазања се пратени на дополнителни тестирања во Германија.

Целата пратка на лазањи, од околу 86 килограми се повлечени од супер-маркетот. Лазањата е произведена од француска компанија.

На почетокот од неделава, министерот објави дека Бугарија нема увезено коњско месо од соседна Романија.

16 февруари 2013 - 17:07