65% од грчките хотели пред банкрот

Она што требаше да биде почеток на туристичка сезона во Грција ќе биде почеток на бранот на банкроти, предупредуваат од грчката комора на хотелиери.

Грчката туристичка индустрија е на пат да изгуби најмалку 50% од своите приходи како последица ковид-19, а според истражување на комората 65% од хотелите во земјата најавиле дека е „веројатно“ или „многу веројатно“ им се заканува банкрот.

Освен овие што се со банкрот во најава, 95% од хотелите изјавиле дека нивниот обем на бизнис се намалил за половина од почетокот на кризата.

Очекувањата на комората е дека (само хотелите) во 2020 ќе имаат загуба од околу 4,46 милијарди евра. Тие се надеваат дека туристичката сезона ќе можат да ја стартуваат на 1-ви јули, ама и тоа не им е сигурно.

Моментално низ цела Грција работат околу 300 хотели и тоа под строг режим на социјално дистанцирање, а илјадници остануваат под клуч од средината на март.

15 април 2020 - 13:23