Журките некогаш и денес

Како изгледало сценариото за една скопска журка пред 30 години а како тоа изгледа денес? Ѕирнете ги двете понуди па зборувајте ни за прогресот.

Скопје го слушало она  што го слуша и светот. Флаер за журка во некогашното диско Турист, изведена со релевантна медиумска поддршка (Радио Скопје и читаниот естраден магазин Екран). Подготвена топ листа на светски релевантни хитови, згора на тоа и преведени (најбоље: Принс и "Ајде да споулавиме") и можност за аналогна интеракција, односно учество во програмата со гласање за својата песна.

****************************

А подолу имате како тоа изгледа денес, опишано од надлежниот менаџер. Караоке со Ненад па "ретро мак - ју журче", па потоа ќе имаат и питај бога кој/што е тоа *****Latin Princ*****, сосема доволно да си мислат дека е тоа исто како во Њујорк.

Но, битно "Ние го држиме уникатен стил"

10 август 2015 - 18:04