Вардар ги доби противниците во Лига на шампиони

Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.

Денеска во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) се одржа ждрепка за групната фаза за новата сезона во Лига на шампиони.

Вардар ќе игра во групата А каде за противници ќе ги има:

ПИК Сегед (Унгарија)
Кил (Германија)
Алборг (Данска)
Мешков Брест (Белорусија)
Монпеље (Франција)
Загреб (Хрватска)
Елверум (Норвешка)

Распоредот на „црвено-црните“:

1 коло: Елверум – Вардар, 15/16.09
2 коло: Вардар – Мешков Брест, 22/23.09
3 коло: ППД Загреб – Вардар, 29/30.09
4 коло: Вардар – Монпелје, 13/14.10
5 коло: Алборг – Вардар, 20/21.10
6 коло: Вардар – Кил, 27/28.10
7 коло: ПИК Сегед – Вардар, 17/18.11
8 коло: Вардар – ПИК Сегед, 24/25.11
9 коло: Кил – Вардар, 01/02.12
10 коло: Вардар – Алборг, 08/09.12
11 коло: Монпелје – Вардар, 16/17.02
12 коло: Вардар – ППД Загреб, 23/24.02
13 коло: Мешков Брест – Вардар, 02/03.03
14 коло: Вардар – Елверум, 09/10.03

Група Б:

ПСЖ (Франција)
Барселона (Шпанија)
Порто (Португалија)
Киелце (Полска)
Флензбург (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Мотор (Украина)
Динамо Букурешт (Романија)

Групната фаза сега веќе традиционално ќе се игра во двокружен систем со 14 кола каде секој ќе игра со секого. Две екипи ќе го завршат натпреварувањето уште во првата фаза.

Европската ракометна федерација уште пред ждрепката и составуање на шеширите соопшти дека РК Вардар е под истрага и дека прво ќе мора да стигнат гаранциите од милион евра од сопственикот на клубот Михајло Михајловски пред двократниот европски шампион одново да биде дел од европскиот ракометен крем, веруваме пред полна сала како некогаш.