Таг: рк вардар

Блескавата партија на Анте Кудуз кој со 9 од 9 го торпедираше Кил

И покрај тоа што си заминаа поразени, вардарци одиграа добар натпревар против фаворитот Кил, а најсветла точна на паркетот беше Анте Кудуз. Левиот хрватски бек гаѓаше беспрекорно во Германија и оствари фантастичен 100% учинок 9/9.

Седум години од разделбата на Вардар и Комити со Кале на која беше и Вујо

Тимот беше жив, армијата црвено-црна стоеше комплетно и безрезервно позади клубот, имавме екипа која беше на само чекор од најдобрите 4 во Европа. Емоцијата присутна насекаде, на секое столче во салата, во очите на сите присутни, кај Михајло, кај Вујо, кај сите нас...

Сите 7 гола на експлозивниот Њокас

За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.

Најдоброто од Вардар против Алборг во 180 секунди

Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).

Бомбастичното издание на Њокас кој експлодираше во Јане Сандански со 8 од 8

РК Вардар ја врати публиката и насмевките во сала, откако славеше убедлива и сигурна победа против Мешков Брест во Лига на шампиони. Францускиот ветеран Кевин Њокас ја запали вардаровата армија.

По долго време Комити згрмија во Јане Сандански

Вујо ги повика и им рече дека Вардар не е Вардар без нив, а тие дојдоа за да го вратат стариот сјај во сала и да им дадат поддршка на своите јунаци кои со 33:27 го совладаа Мешков Брест во ЛШ. Одма е по друго со навивачи.

Вујо до навивачите: Дојдете во сала, без вас Вардар не е Вардар

Вардарци на 30 август пуштија во продажба сезонски карти по цени од 2.500, 3.000 и 3.500 денари, но во време на пандемија која нè отече година и пол, изгледа тешко им оди, па апел со поддршка до навивачите побараа и преку омилениот тренер на Комити.

Вардар 1961 декларисан од Еурофарм Пелистер во Суперкупот, Столе доби црвен картон

Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.

Вардарецот Гурбиндо со поздрав за Македонија

Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.

Вардар ги доби противниците во Лига на шампиони

Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.

Снимка од РК Вардар – РК Пролет, 1975 година

Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.

Неповторливи сцени со Комити кои прават “земјотрес“ на Кале

Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.

Вардар поразен од Мешков, во 1/8 финале го чека моќниот Веспрем

Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.

Пожртвуваност на Калараш во стилот на Родман

Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.

Триумф на Вардар во ЛШ по пауза од четири месеци

Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.

Храбра игра на Вардар, Пик Сегед до минимална победа

Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.

Топло - ладно игра на Вардар и пораз од Порто

Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.

Шоу на Столе без да гледа кон гол

Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.

574 дена од крунисувањето на Вардар за европски шампион

Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.

Тоа е што е, нов пораз на Вардар во Лига на шампиони

Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.

Кјелце го освои Јане Сандански, немоќна партија на Вардар

Избраниците на Талант Душебаев ја оправдаа фаворитската улога против тимот каде тешко поминуваа изминативе години во Скопје. Европскиот првак дефинитивно не е на шампионското ниво на кое се навикнавме да го гледаме. 

Нова добра партија на Вардар, за жал победата избега во последна секунда

Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.

Шампионски блесок на Вардар против Фленсбург

Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.

Го има ли Столе голот на колото во ЛШ?

Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.