Супер кореографија на навивачите на Зенит

Рускиот шампион Зенит е близу до нова титула во тамошното првенство, а пред мечот против Крилја Советов навивачите од Санкт Петербург короната ја заменија со фудбалска топка.

Зенит веќе неколку кола по ред им изразува благодарност на медицинските лица за борбата со пандемијата. На мечот против Крилја Советов поканиле околу 150 лекари од болницата Свети Георгија а фудбалерите излегле на терен со маици со фотографии и имиња на сите лекари.

27 јуни 2020 - 08:00