Дивјачко однесување во Ница, редар удираше навивач со шипка налик коњопој

Навивачите на Ница и Келн не отидоа синоќа на стадион за да ги бодрат своите екипи, туку да водат војна. Еден навивач е избоден со нож, а друг паднал од трибини.

Инцидентите меѓу двете навивачки групи почнаа пред стартот на мечот од Конференциската лига, а судиите одлучија да го пролонгираат.

На видеата и фотографиите можат да се забележи хулиганско однесување без да се бираат средства и начини како да се нападне.

Епилогот е 18 повредени од кои еден во критична состојба кој паднал од трибините.

Во дивеењето се вклучува и редар на мечот кој на ова видео може да се забележи како удира навивач со нешто кое личи на коњопој. И тоа идиотот во глава го мава.

9 септември 2022 - 08:44