Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Навивачите на Шарлоа «Storm Ultras 2001» оваа акција во САД позната како teddy bear toss а кај нив «Nounours Party» ја организираат втора година по ред. Пред една година такво нешто направија навивачите на холандскиот клуб Ден Хаг. А самата традиција носи корени од Северна Америка каде навивачите на хокеј регуларно го опсипуваат мразот со играчки за деца.