Таг: остенде

15 секунди од белгискиот фудбал кои нема да се повторат

Ќе ви треба едно 5-6 пати да ја изгледате сценава од мечот меѓу Мехелен и Остенде и пак нема да ви биде јасно како е ова можно. Па од кафана да станеа, подобро ќе изиграа. Крајот е стварно пијана работа.

Промашување за кое како да ви објасниме

Играа Мехелен и Остенде во Белгија. Во 67' минута шпицот на домаќинот Астер Вранкс го имаше можеби најголемото промашување некогаш видено во белгискиот фудбал. И на крајот како капак на сè, Остенде победи со гол во 90+5' минута на Џек Хендри.

Ако можат во Белгија, зошто не и кај нас

Минатиот викенд почетокот на мечот од белгиското првенство меѓу Шарлоа и Остенде се одложил за неколку минути зошто домашните навивачи фрлија илјадници детски играчки и плишани мечиња на терен, посветени за децата од слабо имуќни семејства пред Божиќ.

Фудбалер на Андерлехт го повтори голот на Златан

Софиан Хани е 26-годишен играч од средината на теренот на Андерлехт. На синоќешното гостување во Остенде, Хани ја издрибла целата одбрана на противникот и постигна фантастичен гол.

Два страшни гола за две минути

Капитенот на Андерлехт Јури Тилеманс беше главен во победата од 1-4 на гостувањето кај Остенде. Првиот гол го даде со десна, вториот со лева, а и двата од 30 метри во агол.

Голот за Белгија во режија на браќата Лукаку

Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.